Плакот е безбојна леплива материја што се формира на површината на забите.
Во плакот се наоѓаат над 300 видови бактерии.
Доколку темелно не се отстрани, плакот со време се претвора во забен камен.
Плакот ги оштетува забите и непцата.
Бактериите во плакот можат да предизвикаат појава на гингивитис.
Плакот почнува да се создава неколку часа по последното четкање на забите.
Oбој.
Пронајди.
Отстрани!

Плак

Што е плакот?

Плакот е најголем непријател на оралното здравје. Се создава од меки пластови на живи и неживи микроорганизми, измешани со полисахариди и гликопротеини. Тој е производ на размножувањето на микроорганизмите и нивниот метаболизам. Плакот е сè поголем доколку се консумира кашеста, мека и леплива храна богата со јаглени хидрати.

Симптоми

На секој му се појавува плак, бидејќи постојат бактерии кои живеат и се создаваат во устата, и тие не можат да се видат со голо око. Плакот е присутен кај секого, без оглед на хигиенските навики – ова се должи на храната што се консумира, но дури и доколку не консумирате храна неколку дена, плакот сепак може да се образува. Еден од првите знаци на пародонтопатија е воспаление на гингивата, односно непцето
(т.н. гингивитис), кое може да се забележи по благото црвенило на гингивата, наместо вообичаената бледорозова боја. Воспалението на гингивата е проследено со лесен оток и спонтано крварење коешто се јавува при четкањето на забите. Доколку не се спроведе навремен и правилен третман, болеста и понатаму се развива. Во следните фази доаѓа до повлекување на гингивата, до соголување на забните вратови и зголемување на чувствителноста на забите на надворешни дразби и четкање. Секако, најнепосакуваниот исход од нетретираната пародонтопатија е расклатување и отпаѓање на забите!

Превенција

Создавањето на плакот може да се избегне со секојдневна нега:

  • Редовно миење на забите, по можност по секој оброк, а најмалку двапати дневно по три минути.
  • Правилна техника на четкање на забите
  • Соодветен избор на паста и четка за заби.

Како помага Лакалут?

Хлорхексидин диглуконатот е активна состојка во повеќето од пастите и растворите на Лакалут, а неговото дејство е клучно за наслагите, т.е. за негова „хемиска контрола“, како дополнување на механичката хигиена. Дејствува како антисептик, односно е т.н. „златен стандард“ за орални антисептици, заради широкиот спектар на дејството и нештетноста за нормалната орална флора (вообичаено присутните непатогени слоеви на микророганизми во усната празнина), дури и при подолга употреба.

Хлорхексидинот има можност да влијае на растворањето на веќе образувани наслаги, како и превенира од создавање на нови, така што ги блокира метаболитичките процеси на патогените микроорганизми, го спречува нивното размножување и/или ги неутрализира разградните производи и самите микроорганизми.

Хлорхексидинот има т.н. депо ефект , т.е. останува уште 4-5 часа по употребата во усната празнина, дополнително дејствувајќи на површината на забите и на оралната слузница.

Препорачуваме

Lacalut aktiv
LACALUT Аktiv со својата единствена формула на активни состојки, забележително ја зацврстува гингивата и докажано го спречува развојот на пародонтопатија...
Lacalut active четка за заби
Специјално изработената четкичка од меки влакна со тенки конусни врвови кои темелно ги чистат и продираат во најнедостапните места и просторот меѓу забите.
Lacalut aktiv раствор
Медицински раствор за секојдневна нега и хигиена на усната празнина и забите со специјална комбинација на активни компоненти.

Забен камен

Што е забен камен?

Забниот камен е тврд слој којшто доведува до појава на дамки и промена на бојата на забите. Забниот камен се формира кога плакот што се наоѓа на површината на забите доаѓа во контакт со минералите од плунката. Забниот камен е со жолта или кафена боја, која се формира когa плакот се минерализира на забите. Склоноста кон создавање забен камен е индивидуална. Генерално, со текот на годините, секој човек станува посклон кон создавање забен камен.

Симптоми

Забниот камен е со жолта или кафена боја и е видлив на горниот дел од забите. Забниот камен се отстранува само од страна на стоматолог, со професионално чистење.

Превенција

Појавата на забен камен може да доведе до гингивитис и болест на непцата, и затоа е важно да се преземат следните чекори за превенција:

  • Редовно чистење: посетувајте го вашиот стоматолог на секои 6 месеци за редовно чистење.
  • Користете флуоридни пасти: четкајте ги забите со паста што содржи флуорид.
  • Забен конец: еднаш дневно користете забен конец за чистење на остатоците помеѓу забите.
  • Раствори за нега на усната празнина: користете раствори за нега на усната празнина барем еднаш во денот
  • Јадете здраво: консумирањето добро балансирани оброци и четкањето на забите по оброците ќе ви помогне да ја намалите можноста за создавање на забен камен.

Препорачуваме

Lacalut white
Белите заби се одраз на здрав и успешен човек, затоа постои Lacalut white.
Lacalut White
Специјално дизајнирана четка чии влакна имаат специјални завршетоци кои ефикасно ги отстрануваат дамките од површината на забите.
Lacalut aktiv раствор
Медицински раствор за секојдневна нега и хигиена на усната празнина и забите со специјална комбинација на активни компоненти.

Непријатен здив

Што е непријатен здив – халитоза?

Непријатниот здив вообичаено се појавува кога не се води правилна и редовна орална хигиена. Најчести причинители на непријатниот здив се бактериите што разградуваат сулфурни соединенија. Нездравите навики како пушење, консумирање алкохол и нездрава исхрана може да предизвикаат инфекции во устата. Други виновници се сува уста, инфекции на респираторниот тракт, дијабетес, заболување на бубрезите, црниот дроб, болести на белите дробови, како и гастроинтестинални проблеми кои вклучуваат и проблеми со варењето на храната.

Симптоми

Непријатниот здив се разликува кај секоја индивидуа и зависи од причината на настанувањето. Додека некои индивидуи посветено се грижат да го отстранат непријатниот здив, други дури и не знаат дека го имаат. Бидејќи сами не можете да почувствувате дали имате непријатен здив, најдобро ќе проверите така што ќе ја поставите дланката пред вашата уста и ќе испуштите здив за да можете да помирисате. Најдобро е да посетите стоматолог, кој ќе ви ја објасни причината за постоењето на непријатниот здив и ќе ви препорача третман.

Превенција

Генерално, најдобар начин за да се заштитите од непријатен здив е секојдневно да ги миете забите и да користите забен конец. Постојат и други техники, но најдобро е да се консултирате со вашиот стоматолог.

  • Редовно миење на забите, по можност по секој оброк, а најмалку два пати дневно по три минути.
  • Правилна техника на четкање на забите,
  • Соодветен избор на паста и четка за заби.

Како помага Лакалут?

Линијата Лакалут флора е специјално наменета за проблеми со непријатен мирис од усната празнина. Додатокот од екстра девствено маслиново масло и масло од магдонос, дејствува благо антисептички и заедно со цинковите соединенија врши неутрализација на производите на бактерискиот метаболизам кои го предизвикуваат непријатниот мирис.

Препорачуваме

Lacalut flora
Проблемот со непријатниот здив се јавува кај речиси 50% од луѓето. Чувството на нелагодност носи последици во секојдневното социјално живеење...
Lacalut Duo Clean четка за заби
Оваа четка за заби овозможува двојно дејство. Работен дел од средно тврди X-вкрстено поставени влакна кои ефикасно го чистат забните површини...
Lacalut white раствор
Lacalut white, раствор за нега на усната празнина е производ создаден да го дополни и продолжи ефектот на Lacalut white пастата за заби.

Гингивитис

Што е гингивитис?

Гингивитис, или воспаление на непцата, е почетна фаза на заболување на непцата и е најлесно да се третира. Директна причина за појава на гингивитис е плакот – меки пластови на живи и неживи микроорганизми во матрикс богат со полисахариди и гликопротеини.

Ако плакот не се отстрани со секојдневно четкање на забите, тој произведува токсини (отрови) кои го иритираат непцето, и со тоа се создава гингивитис. Во почетната фаза на заболување на непцата, може да се спречи поголема штета, бидејќи коската и ткивото што ги поврзува забите (потпорниот апарат) сè уште не се зафатени со токсичните материи. Доколку се остави нетретиран, гингивитисот може да премине во пародонтопатија, што претставува долгорочно оштетување на забите и на вилицата.

Симптоми

Класичните знаци и симптоми на гингивитисот вклучуваат црвени, отечени и чувствителни непца коишто можат да крвават кога ги четкате забите. Друг знак за постоење на болеста е кога непцата се раздвоени од забите.

Превенција

Можете да го спречите гингивитисот пред да се појави, со:

  • Секојдневно миење на забите и со користење забен конец за да се отстрани плакот и да се контролира појавата на забниот камен.
  • Консумирање на соодветна здрава храна за вашите заби
  • Избегнување цигари и секаков вид тутун.
  • акажување редовни контроли кај вашиот стоматолог.

Како помага Лакалут?

Алуминиум лактатот е една од основните активни состојки, на којашто се должи т.н. „Лакалут ефект“. Благодарение на адстрингентното дејство (чувство на стегање), таа го зацврснува околузабното ткиво, т.е. ги намалува воспалението, отокот и црвенилото на гингивата. На тој начин , се чувствува моментално подобрување на состојбата, т.е. непцето престанува да крвари при четкањето на забите, се враќа бледорозовата боја на здрава и смирена гингива, а корисникот има чувство на „зацврснати“ непца и идеално чиста уста. Освен алуминиум лактатот, важен ефект има и хлорхексидинот, со својот антисептички депо-ефект и дејство на разбивање на постоечките и превенција од создавање на нов плак.

Препорачуваме

Lacalut aktiv
LACALUT Аktiv со својата единствена формула на активни состојки, забележително ја зацврстува гингивата и докажано го спречува развојот на пародонтопатија...
Lacalut active четка за заби
Специјално изработената четкичка од меки влакна со тенки конусни врвови кои темелно ги чистат и продираат во најнедостапните места и просторот меѓу забите.
Lacalut aktiv раствор
Медицински раствор за секојдневна нега и хигиена на усната празнина и забите со специјална комбинација на активни компоненти.

Парадентоза

Пародонтопатија, парадентоза

Пародонтопатија е болест на потпорниот апарат на забот (гингива, периодонтален лигамент, коска), која вклучува група на состојби на усната празнина. Секоја од нив вклучува воспаление на непцата и на потпорните ткива на забите. Оваа болест вообичаено започнува со гингивитис.

Пародонтопатијата се развива кога почетното воспаление на гингивата се влошува, се продлабочува и почнува да преминува на потпорните ткива на забот. Ткивата страдаат од директна инфекција со бактерискиот причинител, но и од распадните производи што се јавуваат при одбранбените реакции. Понатамошните стадиуми вклучуваат расклатување на забите поради раслојување и губење на коскената потпора. Во акутните фази на пародонтопатијата се јавува болка, гнојна содржина, како и системски ефекти врз организмот (покачена телесна температура). Последиците од несанираната пародонтопатија можат да доведат до развој на фатални заболувања – бактериски ендокардитис, атеросклероза.

Парадентозата е хронична форма на пародонтопатијата во којашто отсуствуваат карактеристичните знаци на акутно воспалена гингива, но присутно е оштетување на ткивото. Претставува посложен и потежок облик за препознавање и лекување, затоа редовната и целосна соработката со стоматологот е од клучно значење.

Симптоми

  • Отечени и крвави непца
  • Раздвоени непца, соголени забни вратови
  • Појава на џебови
  • Расклатување на заби
  • Непријатен здив
  • Непријатен вкус во вашата уста

Превенција

За устата и забите да бидат здрави, потребна е секојдневна правилна хигиена, здрава исхрана и редовна контрола кај стоматолог. На секои шест месеци би требало да направите превентивен контролен преглед во стоматолошка ординација. Доколку сте склони кон појава на гингивитис и пародонтална болест, покрај врвната техника на четкање на забите, неопходна е и хемиска контрола на плакот, преку активни состојки коишто дејствуваат антисептички и го регулираат појавувањето на плакот.

Како помага Лакалут?

Благодарение на алуминиум лактатот и хлорхексидинот, линијата Лакалут Актив е исклучително ефикасна во превенција на развој на пародонтопатијата. Додатокот на алантоин и бисаболол овозможува дополнителен противвоспалителен и регенерациски ефект врз гингивата (непцето).

Препорачуваме

Lacalut aktiv
LACALUT Аktiv со својата единствена формула на активни состојки, забележително ја зацврстува гингивата и докажано го спречува развојот на пародонтопатија...
Lacalut active четка за заби
Специјално изработената четкичка од меки влакна со тенки конусни врвови кои темелно ги чистат и продираат во најнедостапните места и просторот меѓу забите.
Lacalut aktiv раствор
Медицински раствор за секојдневна нега и хигиена на усната празнина и забите со специјална комбинација на активни компоненти.

Оштетување на глеѓта

Што претставува оштетување на глеѓта?

Ова оштетување се појавува кога глеѓта (надворешната обвивка што ги покрива забите) ја нема или е намалена. Постојат два типа оштетување на глеѓта:

Внатрешно

Настанува преку желудочната киселина и киселина предизвикана од медицински или психолошки причини (анорексија, булимија, итн.)

Надворешно

Настанува преку консумација на храна (шеќер, овошни и газирани пијалаци, итн.) кои во усната празнина создаваат мошне кисела средина.

Симптоми/последици

Кога глеѓта е изабена, тоа може да резултира со:

  • Дополнително оштетување на забите
  • Губење на бојата на забите
  • Забите стануваат чувствителни, и тоа можете да го почувствувате преку допир со усните или со површината на јазикот

Превенција

Ако ги забележите овие наведени промени во вашата уста, веднаш контактирајте го вашиот стоматолог. Користете исклучиво меки четки и пасти за заби со ниско ниво на абразија.

Како помага Лакалут?

Забната паста Lacalut White&Repair поседува активна состојка – микрокристален хидроксиапатит (течен емајл) која директно влијае на пополнување на ситните дефекти и ерозии во емајлот. Со редовна употреба таа е во можност да ги возобнови и измазни ситните дефекти и да спречи понатамошно оштетување.

Препорачуваме

Lacalut White & Repair
Lacalut white & repair пастата за заби содржи специјална формула на активни состојки за природно избелување на забите и дентална грижа.
Lacalut Sensitive
Специјално дизајнирана четкичка која ефикасно ги чисти Вашите заби, без да предизвика болни сензации и непријатност при четкањето.
Lacalut sensitive раствор
Дополнете го дејството на Lacalut sensitive или Lacalut extra sensitive пастата со Lacalut sensitive, раствор

Пречувствителност на забите

Што претставува пречувствителност на забите?

Пречувствителноста на забите, или дентална хиперсензитивност, е состојба на болна чувствителност на забите на осмотски (кисело, слатко) или на термички промени (студено, жешко). Ова се случува кога се оштетува забниот емајл или се повлекува гингивата во вратниот дел на забот, со што средишниот слој на забот – дентинот, како и нервните завршетоци во него остануваат без заштита и се во директен контакт со дразбите од надворешната средина. Поединечни системски болести и одредени лекарства исто така можат да ја предизвикаат оваа состојба. Агресивните постапки за белеење на забите, како и употребата на високоабразивни пасти за заби се меѓу најчестите причини.

Симптоми

Претерана, болна чувствителност (како „удар од гром“) кон топла, ладна, блага или многу кисела храна или при вдишување студен воздух. Чувствителноста на забите може да е периодична, односно да се појави и да исчезне одвреме-навреме.

Превенција

Се препорачува секојдневно четкање на забите по 2 минути, со мека четка и нискоабразивна паста со десензитизирачки состојки, како и чистење со забен конец еднаш дневно. Доколку постои потреба, Вашиот стоматолог ќе Ве советува за дополнителна терапија и третман и/или конзервативна изработка.

Како помага Лакалут?

Во Lacalut Extra Sensitive се наоѓаат 5 активни состојки за намалување на претераната чувствителност, кои ги затвораат отворените нервни завршетоци и го покачуваат прагот на дразба кај нервните завршетоци. Особено значење има исклучително ниско абразивната состојка којашто темелно ги чисти забите, но не го оштетува емајлот. Дејството се чувствува по првата употреба.

Препорачуваме

Lacalut extra sensitive
Забната пречувствителност спаѓа во групата на особено болни и чести состојби на усната празнина.
Lacalut Sensitive
Специјално дизајнирана четкичка која ефикасно ги чисти Вашите заби, без да предизвика болни сензации и непријатност при четкањето.
Lacalut sensitive раствор
Дополнете го дејството на Lacalut sensitive или Lacalut extra sensitive пастата со Lacalut sensitive, раствор