
За одржување хигиена во меѓузабните простори и отстранување на забниот плак потребно е детално и темелно чистење. Лакалут растворите за уста со иновативна мицеларна технологија овозможуваат привлекување на бактериите од тешко достапни места, врзување во мали и подвижни мицели кои лесно се отстрануваат.
За нега на пречувствителни заби и гингива. Се употребува пред или после четкање на забите. Употребен пред четкање, придонесува за намалување на болното чувство при четкање и го разложува забниот плак (главен причинител на кариес и гингивит). Употребен после четкање, превенира таложење на забен камен и воспаление на гингивата.
Исплакнете ја устата со 15ml раствор (половина од капачето) околу 30 секунди, а потоа исплукајте. Без голтање. Без измивање со вода. За многу чувствителни заби може да се употребува неколку пати дневно. Само за возрасни. Пакување од 500 ml